Што е хипноза?
Хипнозата е состојба на фокус и концентрација во која твојот критички, свесен ум се релаксира, и тогаш можеме да дојдеме до потсвеста и да работиме со потсвеста каде што се складирани сите навики.

Во хипноза влегуваме околу 120 пати во денот и затоа велиме дека хипнозата е природна состојба на умот.
Хипнотерапија
Хипнотерапијата не е магија, но начинот на кој ги трансформира луѓето, е магичнен.
Хипнотерапијата работи на твоето вистинско внатрешно ТИ за да одлучиш што е здраво, и најдобро за твојот ум и тело.
Хипнотерапијата помага да се воспостави рамнотежа помеѓу желбата за промена и внатрешната мотивација.
ПОДАТОК 1
Не можеш да „заглавиш“ во хипноза.
Не можеш да „го изгубиш умот“ – тоа е апсолутно невозможно.
ПОДАТОК 2
Секогаш ја задржуваш целосната контрола.
Не може да ти се испуштат некои тајни или лозинки.
ПОДАТОК 3
Хипнотерапијата помага во промена на навики.
Особено е корисна за емоционално јадење, прејадување и однос со храната.
ПОДАТОК 4
Хипнотерапијата работи со несвесниот ум каде што се создадени навиките, автоматските реакции и тригерите.
ПОДАТОК 5
Процесот е безбеден и неинвазивен.
Нема лекови, игли или физички интервенции.
ПОДАТОК 6
Резултатите зависат од твојата лична подготвеност за промена.