Често Поставувани Прашања
Што е хипноза?
Хипнозата е природна состојба на фокусирана релаксација, слична на моментите кога читаш книга, гледаш филм или си „занесен / занесена во мислите“.
Во тој пријатен фокус, свесниот ум се смирува, а потсвеста станува подготвена за позитивни промени.
Во хипноза не спиеш и не губиш контрола – напротив, целосно си свесен/свесна за сè што се случува.
Може ли некој да ме натера да направам нешто што не сакам?
Не. Хипнозата не е контрола на умот – тоа е соработка помеѓу тебе и терапевтот. Ти секогаш имаш целосна контрола и можеш да се разбудиш во секој момент. Сè што се случува во сесијата е со твоја согласност и во твоја корист.
Дали хипнозата е безбедна?
Хипнотерапијата е многу безбеднa методa. Всушност, повеќето луѓе ја доживуваат како исклучително релаксирачко и пријатно искуство и со нетрпение ja очекуваат следна сесија.
Хипнозата е природна состојба, а секоја хипноза во суштина е самохипноза. Хипнотерапевтот те води и дава терапевтски сугестии, но ти си во целосна контрола во секој момент. Невозможно е да направиш нешто што не сакаш. Во секое време можеш самостојно да се вратиш во будна состојба доколку почувствуваш потреба.
За кого хипнозата не се препорачува?
Хипнозата не се препорачува кај лица со: Психоза, Шизофренија, Биполарно растројство (особено во манична фаза), тешка депресија со суицидни мисли, нарушувања на личноста, епилепсија, дисоцијативни нарушувања, халуцинации и делузии.
Што ако не можам да бидам хипнотизирана/хипнотизиран?
Бидејќи хипнозата е природна состојба, речиси секој може да биде хипнотизиран.
Некои луѓе потешко се релаксираат или се многу скептични, што може да го направи процесот малку потежок на почетокот. Сепак, хипнозата е вештина што може да се вежба — колку повеќе пати влегуваш во хипноза, толку полесно станува.
За хипнотерапијата да биде ефективна, потребна е само лесна состојба на хипноза.
Исто така, луѓето кои доаѓаат на хипнотерапија најчесто се мотивирани, бидејќи имаат проблем што сакаат да го решат. Затоа и полесно соработуваат со процесот.
Дали ќе се сеќавам на хипнотерапевтската сесија?
Ќе се сеќаваш на поголем дел од сесијата, а некои делови можеби нема јасно да ги паметиш. Понекогаш можеш да имаш само „чувство“ за сесијата, без конкретни детали.
Тоа е сосема во ред.
Дури и ако не се сеќаваш на сè, терапевтските сугестии се веќе интегрирани во потсвесниот ум.
Како се чувствува хипнозата?
Кога влегуваш во хипноза, чувствуваш длабока релаксација. Телото може да ти се чувствува полесно, потешко или „лебдечко“, но најчесто едноставно — многу опуштено.
Ти не спиеш. Ти си свесен/свесна и присутен / присутна, слично како кога си длабоко замислена или кога мечтаеш.
За некои луѓе, хипнозата може да личи на филм — но не само визуелно, туку како целосно сетилно искуство. Се појавува длабоко чувство на удобност и смиреност.
Понекогаш, ако си многу уморна/уморен, можеш накратко да задремеш. Тоа не е идеално, па терапевтот нежно ќе те врати назад.
Каде се одвиваат сесиите?
Онлајн.
Онлајн хипнотерапијата е подеднакво ефикасна и безбедна како и сесиите во живо. Всушност, многу клиенти велат дека се чувствуваат уште попријатно и послободно во сопствениот дом.
Сесиите се одвиваат преку Zoom, во мирна и доверлива атмосфера.
Кога ќе ги почувствувам промените што ги посакувам?
Можеш да забележиш дека промените се случуваат веднаш, а понекогаш постепено.
Во зависност од природата на проблемот и колку долго го носиш со себе, промените може да бидат суптилни — до момент кога едноставно ќе сфатиш дека проблемот повеќе не постои, без точно да знаеш кога исчезнал. Во други случаи, длабоки и значајни промени се забележуваат веднаш.
На некои клиенти им се доволни една или две сесии. На други клиенти им се потребни повеќе сесии, во зависност од тоа колку длабоко е вкоренет проблемот.
Во просек потребни се од 4–6 последователни сесии.
Која е стапката на успех на програмата Виртуелен Гастричен Стегач?
Повеќе од 90% од луѓето можат да очекуваат резултат.
5% од оние што не успеваат – не ги следат правилата. Доколку клиентот не ги следи правилата, јасно е дека не ја користи програмата и не треба да очекува резултати.
5% од клиентите воопшто нема да добијат резултат од програмата, поради медицински состојби, ефекти од некои лекарства или подлабоки психолошки причини.
Луѓе кои примаат стероиди не се идеални кандидати за овие програми.
Кај луѓе со Дијабет Тип 2, Хипотироидизам или Синдром на полицистични јајници резултатите ќе се постигнат побавно.
Какви резултати може да се очекуваат?
Со Хипно програмите вообичаено се намалуваат од 7 до 21 см во обем по првата сесија или околу
3кг. Потоа, од половина килограм до килограм неделно.
Дали програмите имаат гаранција за резултати?
Програмите се ефикасни! Но, постои еден дел што никој професионалец не може да го гарантира: твоето однесување, твојата посветеност и твоите лични одлуки.
Доктор не може да гарантира дека пациентот ќе го зема лекот редовно или физиотерапевт не може да гарантира дека пациентот ќе ги прави вежбите дома.
Твојот успех ќе зависи и од тоа дали ќе ги следиш правилата и дали ќе ги применуваш новите стратегии во реалниот живот.
Хипнотерапијата е алатка која ти помага да ги смениш навиките, односот со храната и внатрешните убедувања.
Колку ќе чини твојата трансформација и постигнувањето на твоите цели?
По бесплатната консултација можам да ти дадам многу попрецизно и искрено мислење за тоа како можам да помогнам, колку сесии би ти биле потребни и колку би чинеле сесиите.
Просечната цена на 4-неделна програма е 444евра.
Сепак, бидејќи сите сме различни и уникатни, бројот на сесии може да биде помал или поголем.
Кои се условите за плаќање и термини?
Со цел да ти обезбедам најквалитетна услуга, те молам запознај се со условите подолу:
Плаќање
Сите сесии и програми се плаќаат однапред при резервација на терминот. По резервацијата, ќе добиеш е-пошта со линк за уплата. Во одредени случаи, може да биде потребно одобрување од твојата банка за плаќање во девизи.
Програми и сесии
По започнување на програмата или сесиите, уплатените средства не се рефундираат, освен во редок медицински или итен случај.
Промена на термин
Промена на термин е можна со најава најмалку 24 часа однапред.
Доцнење
Доцнење подолго од 15 минути може да резултира со скратена сесија, без намалување на цената.
Непојавување
Доколку не се појавиш на закажаниот термин, сесијата се смета за искористена и средствата не се рефундираат.
Откажување од моја страна
Во ретки случаи кога не сум во можност да ја одржам сесијата, ќе бидеш навреме известен/а и ќе ти биде понуден нов термин.
Како да започнам?
Многу едноставно — со бесплатна консултација.
Тоа е краток, пријатен разговор преку Zoom, каде што ќе поразговараме за твојата цел и ќе дознаеш дали оваа програма е вистинската за тебе.
Без притисок, без обврска – само искрен разговор и поддршка.