Зошто ти е толку тешко да се контролираш 
колку јадеш и што јадеш?

Многу пати носиш одлука: „Од утре престанувам да се прејадувам.“

И почнуваш со силна волја.

Но, НЕШТО во тебе – НЕШТО подлабоко – те турка да посегнеш по храна, чоколадо, грицки… иако знаеш дека не ти требаат.
Тоа „НЕШТО“ секогаш победува. 

Потсвеста погрешно научила дека храната е утеха, сигурност и заштита.
Свесно знаеш дека парче торта нема да те спаси.
Но потсвеста ти праќа сигнал:
„Земи. Ова ти треба за да се смириш.“

Затоа се создава внатрешна борба.
И затоа таа борба речиси секогаш ја губиш —
не затоа што немаш волја, туку затоа што потсвеста мисли дека те штити.

95% од диетите завршуваат со разочарување 

И тоа не е твоја вина.

Никој не ти кажува дека вистинското решение не е во храната, туку во умот.
Кога ќе го разбереш сопствениот ум, можеш да го трансформираш и сопственото тело.

Умот и телото имаат вградени механизми кои ја саботираат секоја рестрикција: глад, броење калории, забранета храна и постојана контрола.

Но, кога умот почнува да работи со тебе, а не против тебе — слабеењето станува природно, полесно и одржливо.

Откриј како со хипноза можеш да го смениш односот кон храната на длабоко, трајно ниво.
 

Зошто диетите не функционираат?

Повеќето луѓе кои следат диета навистина слабеат додека се на неа. Но, кога диетата ќе заврши — килограмите речиси секогаш се враќаат. Често и повеќе од порано.

Тоа не значи дека немаш дисциплина. Ниту дека „не си доволно силна/силен“.

Проблемот не си ти. Проблемот е во диетите. Диетите не ги менуваат длабоките навики, емоционалното јадење, несвесните тригери ниту односот со храната.

Затоа резултатите не траат!

 

Што е поинаку со хипно програмите?

Кога умот е клучот, храната престанува да биде проблем.

Наместо борба, рестрикција, напор и лишување, создаваш промена што доаѓа одвнатре — без казнување и без притисок.

Постепено учиш природно да застанеш кога ќе се почувствуваш сит / сита.
Контролата повеќе не доаѓа од правила и забрани, туку од внатрешно чувство на рамнотежа, свесност и доверба во сопственото тело.

Нема постојано купување „специјални“ намирници
Нема мерење храна и броење калории
Нема часови поминати во кујна
Нема забранета храна

Јадеш што сакаш — но на поинаков начин.
Со свесност. Со баланс. Со природна контрола.

 

Хипно програмите работат со умот, не против телото.

Програмите помагаат да се ослободиш од емоционалното јадење, да ги промениш старите навики и да изградиш нов, поздрав однос со храната и сопственото тело.

Ова е хипнотерапевтски пристап кој го поддржува чувството на ситост, ја намалува потребата за прејадување и создава природно чувство на контрола.

 

Ова не е уште една диета. 

Ова е промена на начинот на размислување и создавање навики кои природно водат кон слабеење.

Ако си уморен / уморна од:

  • започнување од понеделник
  • „последен пат“ диета
  • чувство на вина и разочарување

Дај си дозвола да направиш нешто поинаку СЕГА.

Контактирај ме за бесплатен, неформален разговор и дознај дали овој пристап е соодветен за тебе.

We need your consent to load the translations

We use a third-party service to translate the website content that may collect data about your activity. Please review the details in the privacy policy and accept the service to view the translations.