МЕДИУМСКИ НАСТАПИ
Ова е просторот каде што ги споделуваме нашите гостувања, интервјуа, јавни предавања, работилници и медиумски објави поврзани со хипнотерапијата. Преку медиумските настапи ја доближувам хипнотерапијата до пошироката јавност и придонесувам кон разбирање, доверба и информираност.

Гостување во „Македонија наутро“
на МРТ
Во ова гостување во емисијата „Македонија наутро“ на МРТ, објаснувам што е хипнотерапија, како функционира и ги разоткривам најчестите митови поврзани со хипнозата. Зборуваме за тоа дека во хипнозата сте во целосна контрола, дека е безбедна и како може да помогне во намалување на телесна тежина преку работа со потсвеста, промена на навиките и емоционалното јадење. Дознајте како хипнотерапијата може да биде клучна метода за трансформација и создавање здрави животни навики.
На Лице Место со Телма
Ослободување од зависност од шеќер со помош на хипноза.
Гостување во „Здраво Македонијо" на Канал 5 ДЕЛ 1
Свесен и потсвесен ум.
Гостување во „Здраво Македонијо" на Канал 5 ДЕЛ 2
Како помага хипнозата на лица кои доживеале некое трауматично искуство?