Која сум јас?
Јас сум Елена Сталеска.
Отсекогаш сум била заинтересирана за моќта на умот. Како резултат на тоа, сега сум квалификуван хипнотерапевт во Велика Британија каде што се здобив со акредитирана диплома од Генералниот совет за стандарди во хипнотерапија.
Со семејството живеам во Обединетото Кралство каде што, меѓу другото, работев и како наставник во едно од врвните основни училишта во Англија.
Работам со луѓе кои се уморни од диети што не функционираат и кои сакаат трајна промена од внатре кон надвор. Моето патување ме научи дека вистинската трансформација не започнува на чинија - таа започнува во умот.
Мисија и Визија
Моја мисија
Мојата мисија е да им помогнам на луѓето кои се чувствуваат заглавени во тело што не го чувствуваат како свое, да сфатат дека решението не е во храната, туку во умот — и дека слабеењето не мора да биде борба, казна или ограничување.
Моја визија
Мојата визија е свет во кој луѓето живеат во мир со храната и сопственото тело, ослободени од вина, срам и постојан притисок, со доверба во сопствениот ум и процесот на промена.